петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дали е ова најтешката оптичка илузија досега? Само 1% од луѓето можат да ја забележат огромната жирафа

Дали е ова најтешката оптичка илузија досега? Само 1% од луѓето можат да ја забележат огромната жирафа

За помалку од еден ден оваа оптичка илузија стана многу популарна на сите социјални мрежи

Ако сакате криенки, веруваме дека навистина ќе ви се допадне оваа оптичка илузија. Сепак, мораме да ве подготвиме за една работа – трпението е клучно и навистина ќе ви треба.

Оваа оптичка илузија вчера ги преплави социјалните мрежи и остави илјадници и илјадници збунети луѓе. Имено, на прв поглед изгледа како на илустрацијата да има само зелени листови; сепак, авторите на илузијата сокриле една жирафа, а ваша задача е да ја пронајдете.

Кога станува збор за пронаоѓање, токму тука стапива трпението со кое треба да се вооружите. На социјалните мрежи може да се прочитаат коментари на луѓето кои тврдат дека жирафата не постои и дека е невозможно да се најде.

– Се откажувам. Поминав два часа гледајќи ја илустрацијата и не видов ништо. Ме болат очите, но и мозокот – напишал еден маж.

Дали успеавте да ја забележите? Ако не, прочитајте го решението подолу.

Како што велат авторите на криенката, треба да се фокусирате на нешто друго додека илустрацијата стои пред вас. Тогаш, како што тврдат, ќе се појави жирафата.

Исто така, можете да се обидете да го ставите носот многу блиску до илустрацијата и полека да ги движите главата и телефонот, односно додека не видите жирафа која зазема повеќе од половина од сликата.