Се започнало како шега, а всушност било сигнал за тревога
Еден маж случајно направил тест за бременост во 2015 година и добил позитивен резултат, пишува „Your Tango“.
Набргу потоа тој го сподели своето сознание на „Редит“, шегувајќи се на своја сметка, а всушност, позитивниот тест откри дека нешто не е во ред со неговото здравје.
Неколку коментари го заобиколија хуморот, давајчи и загрижувачки тон на целата приказна.
– Не, не си бремен, тоа значи дека нешто пострашно се случува во твоето тело и најдобро е веднаш да провериш што е тоа – гласел еден коментар.
Позитивниот тест за бременост, покрај самата бременост, може да биде и аларм за двата пола бидејќи може да укаже на малигнитет. Кај мажите, тоа конкретно може да значи рак на тестисите.
Тестовите за бременост работат на тој начин што го одредуваат нивото на бета hcg хормонот, кој се зголемува секој ден од моментот на зачнувањето.
Излегува дека значителен број на карциноми на тестисите го произведуваат истиот хормон, а според онкологот д-р Марк Померанц, има малку работи во телото кои произведуваат бета hcg хормон, а ракот на тестисите е еден од нив.