петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Традиционален меморијален турнир за видео игри „Никола Поповски – Ниџо“

Традиционален меморијален турнир за видео игри „Никола Поповски – Ниџо“

Меморијален турнир за видео игри „Никола Поповски – Ниџо“ втор пат ќе се одржи денеска во Скопје.

Учесниците ќе се натпреваруваат во игрите „Mortal Kombat X“ или „Call Of Duty 2“.

Посетителите, во рамки на турнирот, ќе можат да се запознаат со познати играчи на видео игри од Македонија и да ја пробаат првата македонска друштвена игра „Small Star Empires“.

Организаторите ги покануваат сите родители и заинтересирани да учествуваат во информативна работилница за ESRB рејтинг, каде ќе имаат можност да го подобрат  изборот на видео игри за своите деца.

Турнирот, како што најавуваат организаторите, ќе се одржи во Лептокарија во Каша Бар, Инсомниа и ODAX.

Љубителите на видеоигри повеќе информации може да добијат на следниот линк.

(Миа)