вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Величенствени сцени во Брисел – Направен цветниот тепих, но со промени по 50 години

ФОТО: Величенствени сцени во Брисел – Направен цветниот тепих, но со промени по 50 години

Креаторите на огромниот бриселски цветен тепих кој го краси просторот пред градското собрание, одлучиле да изберат цвеќе кое е отпорно на топлина, како и саксиско цвеќе првпат во 50 годишната историја на уметничкиот проект.

Оваа одлука е донесена за да може цвеќето да биде прилагодено на топлотниот бран кој ја погоди Европа.

Овогодишениот дизајн на цветниот тепих потсетува на тепихот поставен во 1971 година кој бил инспириран од арабески облици, пренесува британскиот портал Еуроактив.

Со оглед на тоа дека тепихот од цвеќе би требало да издржи четири дена на температура над 30 степени, дизајнерите морале да ги заменат бројните бегонии за белгиски далии кои содржат повеќе вода.

Претходно користено сечено цвеќе, но оваа година е употребено саксиско за кое се очекува дека подобро ќе ги поднесе високите температури.

-Мораме да се прилагодиме, изјавила Анете Кац, генерална директорка на проектот.

Стотина волонтери обезбедени со вода и шешири, вчера поминаа повеќе од шест часа поставувајќи го цвеќето.

За да се направи цветниот тепих кој е со површина од 1.680 метри квадранти користени се 400.000 цветови.