среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

„Instagram“ и „TikTok“ им се веќе премногу токсични: Ова е новата омилена апликација на генерација З

„Instagram“ и „TikTok“ им се веќе премногу токсични: Ова е новата омилена апликација на генерација З

Kорисниците на социјалните мрежи меѓу кои и големи холивудски ѕвезди, минатиот месец кога „Instagram“ тестираше промени кои ги преплавија почетните страни на профилите на корисниците со препорачани кратки видеа наречени „риилс“ и содржина споделена од други луѓе кои воопшто не ги следат ја „замолија“ компанијата да престане да се обидувате да биде „TikTok“.

Тоа беше реакција на обидот на „Instagram“ да ги оттргне членовите на генерацијата З од „TikTok“ со имитирање на некои од функциите на таа аликација.

Необичен поим за „пријатели“

Раните платформи како што се „MySpace“ и „Facebook“ се изградени врз необичниот поим за „пријатели“, што треба да ја отсликува реалната социјална мрежа на секоја личност. Но, најпопуларни меѓу младите денес, „Instagram“ и „TikTok“, се исто така глобални арени за започнување на нова професија – инфлуенсертво. Содржината е клучна, а алгоритамски оптимизираната виралност е метриката што одредува што гледате.

Токму овој вид дизајн на апликации значи дека целиот свет може да ја следи еволуцијата на многу популарниот тренд на шминкање или да се приклучи на кампањата против 20-годишниот дизајнер на мебел од Бруклин кој лошо се однесувал со девојките на „Tinder“.

„Телевизија на мојата генерација“

23-годишната Дебора Мекензи од Абердин, Шкотска вели дека „TikTok“ е како телевизија на нејзината генерација. Таа вели дека таа и нејзините пријатели не објавуваат многу, повеќе прелистуваат туѓи содржини за да го пополнат своето слободно време.

Како што размерите на „Instagram“ и „TikTok“ стануваат се повеќе безлични и помалку лични, новата генерација на социјални медиуми, вклучувајќи ги „BeReal“, „Locket Widget“, „Yubo“ и „Poparazzi“ видоа можност да ѝ дадат приоритет на интимноста.

„Она што сега го гледаме е дека вкусовите на Ген З се движат кон подлабоки и поперсонализирани искуства“, вели Мет Мос, основач на „Locket“, „соголена“ апликација која им овозможува на блиските пријатели и семејството да споделуваат фотографии што се појавуваат како зголемен додаток на екранот на други лица.

Мос првично ја создал апликацијата за да одржува контакт со својата девојка на далечина додека таа студирала, но тој вели дека до крајот на јули на неа биле споделени милијарда фотографии. Оваа експлозија дојде по виралниот момент на „TikTok“ кон крајот на минатата година.

Друга апликација која имаше свој удел на вирални моменти е „BeReal“, лансирана во 2019 година од француските претприемачи Алексис Барејат и Кевин Перо. „BeReal“ бара од своите корисници да направат симултана фотографија од предната и задната камера секој ден во одредено време, во период од две минути.

28 милиони преземања

Корисниците можат да направат фотографии и подоцна, но не можат да ја видат содржината на своите пријатели додека самите не ја објават својата содржина. Идејата е корисниците да го доловат она што го прават во тоа време без разлика колку е негламурозно – за да промовираат поавтентичен однос со своите пријатели на интернет.

„BeReal“ е моментално број 1 апликација за социјално вмрежување и рапидно расте. Огромното мнозинство од 28-те милиони преземања се случија оваа година.

Покрај „TikTok“ и „Instagram“ надвор од оригиналниот дофат на социјалните мрежи, 20-годишната Кристин Мерилис од Њујорк вели дека „BeReal“ ја исполнува незадоволената потреба за поврзување со пријателите во текот на денот.

„Сакам да гледам што прават моите пријатели, особено во текот на летото кога не сме на исто место и не сме на предавања“, вели Кристин.

Новиот бран ваков тип платформи наводно решава уште еден проблем – зголемениот притисок за ефективно работење, зголемување на следбениците и станување влијателна личност на „TikTok“ и „Instagram“.

23-годишната Оливија Бамфорд од англиската провинција Дербишир вели дека престанала да користи „Instagram“ бидејќи сметала дека туѓите содржини секогаш ќе бидат подобри од нејзините.

Апликацијата наскоро би можела да вреди повеќе од 600 милиони долари

„Instagram“ ги оправда своите неодамнешни промени со тоа што сака да им помогне на своите креатори да допрат до поширока публика. Спротивно на тоа, „BeReal“ вели дека не сака да им помогне на луѓето да станат инфлуенсери.

„Тоа не е баш платформа каде што можете да создадете следбеници, но тоа е поентата“, вели Мерилес за „The Guardian“.

„Locket“ оди дотаму што го ограничува бројот на луѓе што можете да ги додадете – многу по „радикална“ разлика од „Instagram“.

Брзо следеше неизбежната реакција против тврдењата на „BeReal“ за автентичност.

„Разликата помеѓу „BeReal“ и гигантите на социјалните мрежи не е во односот на „BeReal“ кон вистината, туку во големината и опсегот на неговите измами“, напиша Р. И. Хавли во „New Yorker“.

Дали размислувањето во мали рамки некогаш ќе доведе до големи резултати? Повеќето од споменатите апликации велат дека целосно се откажале од економијата заснована на внимание, велејќи дека ќе избегнуваат реклами за алтернативни бизнис модели.

„Locket“ штотуку доби инвестиција од 12,5 милиони долари предводена од Сем Алтман од „OpenAI“. „BeReal“ наводно е на пат да обезбеди финансирање што ќе ја зголеми неговата вредност за четири пати на повеќе од 600 милиони долари.

Друго прашање е дали овие апликации ја следат генерациската промена или едноставно ја користат очигледната вистина што луѓето сакаат да ја споделат со своите пријатели на Интернет? Во моментов, повеќето немаат намера да ги заменат „Instagram“ и „TikTok“.

„Ги сакаме „Instagram“ и „TikTok“, но тие не се вистинска конкуренција во нашиот простор“, вели ко-основачот на „Poparazzi“, Алекс Ма.

Toa ја одразува поголемата фрагментација на пазарот на апликации за социјални медиуми, каде што корисниците посетуваат различни апликации за различни искуства.

Тешко е да се предвиди дали овие нови апликации за социјални медиуми ќе преживеат, а камоли да донесат големи промени во индустријата. Социјалните апликации како „Clubhouse“ привлекоа огромен број корисници во аудио соби за разговор во екот на пандемијата, но веќе исчезнаа во заборав.