среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

ВИДЕО: Шокантно откритие во САД: Сушата открила траги од диносаурус стари 113 милиони години

ВИДЕО: Шокантно откритие во САД: Сушата открила траги од диносаурус стари 113 милиони години

Во Паркот на долината на диносаурусите во Тексас, САД, поради екстремните суши пресушила реката и пронајдени се траги од диносаурус од пред околу 113 милиони години, објавија во понеделникот од паркот преку соопштение за медиумите.

– Повеќето траги кои неодамна беа откриени на различни делови од реката во паркот припаѓаат на акрокантосаурусот. Станува збор за диносаурус кој бил висок околу четири и пол метри (возрасен), а тежел близу седум тони“, рекла за „Си-ен-ен“ портпаролката на паркот Стефани Салинас Гарсија.

„Во паркот во Глен Роуз, Тексас, најдовме и траги од сауропосејдон, кој би бил висок околу 18 метри и тежок околу 44 тони“, додала таа.

Поради екстремните суши, голем број реки во паркот пресушија. Повеќе од 60 отсто Тексас минатата недела беше погоден од двете најинтензивни категории на суши и топлотни бранови.

Во нормални временски услови, трагите од диносаурусите во коритото на реката би се наоѓале под водата и би биле покриени со седимент.

– Секогаш е возбудливо да се пронајдат нови траги од диносаурус во паркот! – рекла Гарсија.

Научниците велат дека траагите наскоро повторно ќе бидат покриени бидејќи се предвидува дожд.

„Иако овие траги ќе бидат видливи само за кратко време, ние сме многу возбудени. Паркот на долината на диносаурусите ќе продолжи со заштитата на овие 113 милиони години стари патеки не само за сегашните, туку и за идните генерации“, рекла Гарсија.

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Dinosaur Valley/АFP via Getty Images