Зоолошката градина во американскиот град Форт Ворт неодамна на социјалните мрежи објавила симпатично видео од едно слонче кое си игра со балони од сапуница.
Вработениот во зоолошката градина стои покрај оградата и го држи апаратот кој произведува балони, а веселото слонче се обидува да ги улови со сурлата или да ги изеде.
Од зоолошката градина напишале дека слончето се вика Бразос и дека е старо само 10 месеци. Ова му е прва средба со балони од сапуница, а во играта го следела и неговата мајка, Блубонет.
Видеото е објавено пред неколку дена, а досега го прегледале десетици илјади корисници кои биле воодушевени од преслаткото животно.
„Ова е навистина прекрасно“, „Каква љубов“, „Го обожувам“, „Пресладок е“, пишувале луѓето во коментарите.
Just 🫧popping🫧 by! pic.twitter.com/xvCwazrEFm
— Fort Worth Zoo (@FortWorthZoo) August 18, 2022