среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

До 2100 година голем дел од Земјата може да биде опасен за живеење

До 2100 година голем дел од Земјата може да биде опасен за живеење

Научниците предупредуваат дека до 2100 година голем дел од планетата може да биде опасен и неподнослив за живеење поради глобалното загревање.

Дури и во оваа фаза, ако успееме да го ограничиме загревањето на 2 степени Целзиусови, новите процени покажуваат дека во тропските и суптропските краеви до 2100 година во поголем дел од денот ќе има високи температури. Ова ги вклучува Индија, Арапски полуостров и супсахарска Африка.

Во ново истражување, се наведува дека на средните географски ширини скоро секоја година ќе има интензивни топлотни бранови.

Ако глобално не работиме на намалување на емисијата на стакленички гасови и не воведеме мерки за спречување на климатските промени, во светот веројатно ќе има многу смртни случаи. Но, секој мал чекор што придонесува за намалување на температурата е важен бидејќи тоа значи и мал број човечки жртви, пишува Science Alert.

Неодамнешните процени покажуваат дека глобалното затоплување уште сега е одговорно за еден од три смртни случаи поврзани со големите жештини. Студиите предвидуваат дека во следните децении, со влошување на глобалното затоплување, луѓето ќе умираат во рекорден број.

Истражувања покажаа дека човечкото тело можеби нема да може да поднесе толку топлина и влага. Според традиционалниот индекс на топлина, температурите се сметаат за опасни кога надминуваат над 40 степени Целзиусови, а исклучително опасни над 51 степен Целзиусов.

До 2050 година во тропските региони опасниот индекс на топлина може да биде надминат 50% од денот секоја година, а до 2100 во поголем дел од денот.

Истражувањето наречено „Probabilistic projections of increased heat stress driven by climate change“ е објавено во Communications Earth & Environment.