четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Над ДВА милиони прегледи за момчето кое јадело ќебап на протест на вегани: „Ти си го*но и треба да ти биде срам“ (ВИДЕО)

Над ДВА милиони прегледи за момчето кое јадело ќебап на протест на вегани: „Ти си го*но и треба да ти биде срам“ (ВИДЕО)

Активистите за правата на животните „полуделе“ кога меѓу нив на сред протест во Њујорк прошетал човек кој јадел ќебап.

Мажот со насмевка на лицето јадел месо пред веганите и ги провоцирал додека тие налутено му викале и го навредувале.

Видеото е објавено на Твитер и е прегледано 2,5 милиони пати.

„Одвратен си. Што мислиш ти, кој си? Ти си кукавица. Ти си го*но и треба да ти биде срам. Знаеш ли што ќе направам? Ништо, а ти ќе умреш сам“, му вели една демонстрантка.

Ситуацијата излегла од контрола кога друга демонстрантка почнала да му вреска во лице на момчето.

„Добро ли е чувството? Твојот начин на убивање на животните, добро ли е тоа чувство покрај вегани?“, вели жената.

На снимката се гледа дека во близина има и полиција, а момчето кое јадело месо пред веганите воопшто не обрнувало внимание на коментарите.