Уредбата на Европската унија од 2017 година за заштита за манипулација со броењето километри сè уште се применува, додека пак истражувањето на Германскиот автоклуб (ADAC), докажува дека со километражата на новите автомобили и натаму може лесно да се манипулира.
Меѓутоа, два германски произведувачи на автомобили сега тврдат дека имаат решение.
Подесувањето на километражата денес е рутина и се нуди за 50 евра. Полицијата претпоставува дека на секој трет половен автомобил којшто е продаден во Германија, километражата е вратена.
Измамниците ја зголемуваат вредноста во просек за 3.000 евра по автомобил, лажејќи ги купувачите или пак лизинг куќите. Процената на вкупната штета во Германија е околу 6 милијарди евра годишно, наведува „Ревија ХАК“.
Уредбата на ЕУ 2017/1151 формално попишува дека километражата во автомобилот мора системски да се чува. Законот од септември 2017 година се применува на новите модели возила, а од септември 2018 година на сите нови автомобили.
Меѓутоа, сè до денес недостасува детална листа за тоа како таа заштита треба да изгледа и кое неутрално тело треба да ја проверува. Резултатите на сето ова – лажењето продолжува, но не на сите автомобили.
При прегледување на релевантните својства со половните возила, експертите од „ADAS“ забележале дека тоа повеќе не се однесува на „Audi A3“ (од 2020 година) и „VW Golf8“ (од крајот на 2019 година).
Овие модели се подобро заштитени од измама со километража за разлика од другите свои конкуренти.
Причините се новите компјутерски чипови со HSM (Hardware Security Module) кои се користат за заштита на километражата.
„Volkswagen“ најавува и нови мерки за спречување наместена километража.