вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Жестока Twitter дебата: Каква боја е Сонцето?

Жестока Twitter дебата: Каква боја е Сонцето?

Откако луѓето почнаа да го истражуваат универзумот, сме разбиле различни митови за универзумот во кој живееме.

Едно време луѓето мислеа дека летата се предизвикани од приближувањето на Земјата до Сонцето, но се покажа дека вистинската причина е аксијалното поместување на нашата планета. Истсо така, откривме дека и покрај тоа што е најблиску до Сонцето, Меркур не е најжешката планета во Сончевиот Систем, туку тоа е Венера. Сепак, еден факт за универзумот е особено интригантен на Twitter овие денови – каква боја е Сонцето?

Сонцето е бело, а не жолто. Овој факт беше тема на објавување на профилот Latest in space на платформата Twitter.

„Факт за вселената: Сонцето е всушност бело, но изгледа жолто поради атмосферата на Земјата“, се вели во објавата. Иако ова треба да биде општо познато, особено ако се земе предвид дека сончевата светлина може да формира виножито со седум бои (карактеристика на белата светлина), се чини дека тоа не е широко распространет факт.

Објавата наиде на коментари од бројни корисници кои одбија да веруваат во овој факт. Еден корисник дури и коментираше, „но има оган и лава на Сонцето, зарем не треба да биде со иста боја како што гледаме овде на Земјата“. Тоа всушност не е точно, бидејќи Сонцето не гори и не најдовме докази за постоење на лава на неговата површина.

Жестоката дебата ја забележал и астронаутот Скот Кели и решил еднаш засекогаш да ја прекине дебатата. Кели го сподели оригиналниот твит и рече: „Можам да го потврдам овој факт за вселената“.