петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

7 облици на ушите и тајните што тие ги откриваат за вашата личност

7 облици на ушите и тајните што тие ги откриваат за вашата личност

Дознајте каков тип на личност имате врз основа на обликот на вашите уши

Знаеме дека ова можеби „звучи“ малку смешно, но постои многу литература за врската помеѓу обликот на увото и карактерот.

Што кажуваат вашите уши за вашата личност? Прочитајте ги објаснувањата подолу.

Прилепен лобус

Ако вашиот лобус изгледа како да е закачен за вашата глава одоздола, тогаш вие сте топла личност и имате големо срце. Луѓето со прилепени ушни школки имаат тенденција да бидат многу емпатични и разбирливи. Но, исто така имаат тенденција да бидат интровертни и малку резервирани, луѓе кои дејствуваат според инстинктот.

Широко уво

Луѓето со широки уши имаат тенденција да бидат многу отворени и опуштени. Сакаат да го живеат животот како што им доаѓа и не им пречи лесно да ги напуштат работите. Исто така имаат тенденција да бидат екстровертни и подобро се согласуваат со луѓето бидејќи се забавни и пријателски расположени.

Тесно уво

Луѓето со тесни уши се тивки, одвојуваат време и размислуваат двапати пред да зборуваат. Но, кога зборуваат, тоа обично е директно во центар. Не сакаат празни озборувања и муабети, претпочитаат долги и значајни разговори.

Зашилено уво

Луѓето со зашилени уши се како Шерлок Холмс, многу се проникливи, перцептивни и перфекционисти. Тие забележуваат работи што другите не ги забележуваат и брзо одговараат со духовити забелешки. Исто така имаат тенденција да се задржуваат на нештата затоа што сакаат сè да биде во ред.

Кружен лобус

Луѓето со заоблени уши се оние на кои можете да се потпрете за сè. Тие се многу лојални и очекуваат иста лојалност од блиските. Тоа значи и дека предавството (макар и мало) го земаат при срце и не простуваат лесно.

Четвртасти уши

Оваа необична форма укажува на високо ниво на креативност и интелект. Тие сакаат да создаваат и колку е покомплексен концептот, толку подобро за нив. Тие исто така имаат многу високи стандарди и не дозволуваат било кој да им се доближи – мора да бидете посебни.

Клемпави уши

Иако често се предмет на многу шеги, овие луѓе се најдобри. Тие се супер пријателски расположени и уникатни – во суштина, никогаш не ви е досадно во нивна близина. Сепак, тие исто така имаат тенденција да имаат многу различни идеи, поради што понекогаш им е тешко на луѓето да ги разберат, пренесува „Cosmopolitan“.