петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Трик за поефикасно користење ренде (ВИДЕО)

Трик за поефикасно користење ренде (ВИДЕО)

Дали сте и овие еден од милионите кои кога рендаат било што рендето го држат исправено? Веројатно сите сме го користеле погрешно.

Без разлика што се ренда, речиси сите го држат рендето во вертикална позиција и над чинија, за да паѓа ренданиот материјал. Често се случува од ренданото да избега и надвор од чинијата, па да се направи и неред.

На интернет кружи еден трик за тоа како всушност треба да се користи ренде.

Доколку рендето наместо вертикално го поставите хоризонтално, нема да ви се лизга или бега, ќе биде постабилно, а воедно и ќе избегнете делови од изренданиот материјал да летнат каде што не треба. Дополнително, ќе ги зачувате прстите од евентуални повреди.

Доколку рендето го користите на овој начин, наренданиот материјал ќе падне внатре во рендето и потоа само ќе го истресете во чинија, и тоа е тоа.

Еве како тоа изгледа во пракса: