недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Голема промена која долго ја очекуваа корисниците на WhatsApp

Голема промена која долго ја очекуваа корисниците на WhatsApp

Корисниците на WhatsApp, кои ја користат апликацијата за пораки и на компјутер и на паметен телефон, знаат дека една од главните точки е прашањето за безбедноста на разговорите. Поточно, не беше можно да се остане логиран на апликацијата на компјутерот и да се заштити разговорот.

Но, тоа наскоро би можело да се промени. Имено, како што истакнаа на порталот wabetainfo, кој ги открива идните опции во апликацијата, корисниците наскоро ќе можат да постават лозинка за влез во апликацијата WhatsApp на компјутер.

Ова ќе овозможи користење на апликацијата WhatsApp за компјутери и на заеднички компјутери, но на корисниците ќе им обезбеди и повисоко ниво на заштита и ќе ја олесни заштитата на нивните разговори. Опцијата PIN или лозинка веќе беше овозможена за апликацијата за паметен телефон.

Корисниците кои ќе изберат да постават лозинка ќе мора да ја внесат секогаш кога сакаат да пристапат до апликацијата на нивниот компјутер. И ако ја заборавите лозинката, не грижете се. Ќе биде доволно да се одјавите од апликацијата на вашиот компјутер и повторно да се најавите со скенирање на QR-кодот со вашиот телефон.

Засега не се зборува за можност за биометриско отклучување на апликацијата, но не е исклучено таква опција да биде можна во некоја идна верзија на апликацијата.

Интересно е што оваа опција за поставување лозинка нема автоматски да се активира во апликацијата, туку корисниците ќе треба сами да ја вклучат во поставките, но ќе им биде достапна и на корисниците на Windows и Mac компјутерите.

Треба да се нагласи дека оваа опција нема да важи за користење на WhatsApp во интернет прелистувачот.