Милиони луѓе ширум светот со нетрпение го чекаат црн петок и попустите во продавниците, но дали всушност знаете од каде потекнува овој израз?
Треската на масовно купување означено како феномен „црн петок“ до пред неколку години бил апсолутно непознат и нерпизнат во нашата култура, за да сега масовно се оддомаќини кај домашните трговци и љубители на шопингот. Оваа традиција потекнува од Америка и малкумина знаат дека влече корени од мрачните и несреќни случувања.
„Црн петок“ со децении се смета како почеток на Божиќните пазарења во САД, која ја одбележуваат многубројни и големи попусти. Всушност поради нив луѓето масовно брзаат кон најголемите шопин центри, поради што многумина завршувале со тепачки и со повреди.
Дека „Црн петок“ во САД е најлуд и најцрн ден покажува и статистиката која покажала дека во 2006 година на денот со најголеми попусти животот го загубиле 7 луѓе, додека 98 биле сериозно повредени.
Прва забележана употреба на терминот „Црн петок“ во историјата, не се врзува за никаков шопинг туку за нешто соосема спротивно-финансиска криза. Поточно , за крахот на американскиот пазар на злато на 24 септември 1869 година. Тоа се случило како последица на преголемиот раст во предходниот период, која вештачки ја придвижиле манипулатори и брокери од Вол Стрит, Џеј Гоулд и Џејмс Фиск со откуп на големи количини на злато и негово натрупување. На тој петок во септември 1869 година се открива овој заговор и тоа предизвикало слободен пад на берзата и банкротство на сите од Вол Стрит и обилните фармери.
Покрај тоа, популарниот „црн петок“ назив е поврзан со работниците кои и после Денот на благодарноста јавувале дека се болни, за да имаат повеќе слободни денови.
Со голед на тоа дека на овој ден луѓето би правеле огромни гужви, полицијата би имала полни раце работа, па самиот назив настанал благодарејќи на полицајците, а не на трговците како што многумина сметале.
Постои и објаснување кое се поврзува со продавачите. Тој петок наводно бил ден кога продавачите најпосле почнале да прикажуваат добивка што во книговодствениот речник би значело дека од црвено преминале во црно.
Уште еден синоним за „црн петок“ се поврзува со 1800 година, кога сопствениците на плантажите од југот на Америка ги продавале робовите по намалена цена после Денот на благодарноста.
Иако оваа верзија на „црн петок“ сосема разбирливо доведувала до протести со кои би се укинало традиционалното славење на „црн петок“ каков што денес го знаеме и понатаму не е утврдено дека е виситинита.