петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Шок откритие во Египет: Мистериозна мумија на дете со златно срце

Шок откритие во Египет: Мистериозна мумија на дете со златно срце

Радиологот Саха Салем од Универзитетот во Каиро и нејзините колеги дигитално ја погледнаа малата мумија покриена со злато и открија 49 амајлии од 21 тип.

Дигиталното скенирање на египетска мумија откри дека мумифицираното тело на тинејџерот содржи дополнително срце од злато, како и десетици други амајлии за кои древните Египќани верувале дека се важни за задгробниот живот.

Покрај тоа што научниците во телесната празнина на мумијата пронајдоа златен скараб (измет) од 3 сантиметри, кој го симболизира срцето, открија и златен јазик во черепот, амајлија до пенисот и други религиозни предмети изработени од злато, полускапоцени камења и керамика во светли бои.