среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Пробајте да го пронајдете Снешкото меѓу снегулките: Моменталниот рекорд е 11 секунди

Пробајте да го пронајдете Снешкото меѓу снегулките: Моменталниот рекорд е 11 секунди

Препознатлива снежна скулптура се крие на илустрацијата која прикажува зимски амбиент

Унгарскиот уметник Џерџели Дудас сака да ги предизвикува љубителите на загатки да го пронајдат скриениот предмет во илустрациите што тој ги создава.

Овој пат си поиграл со зимски мотиви. Во илустрацијата преполна со снегулки и грутки преобразени во смајли, тој сокрил еден Снешко покрај гранките на зимзелените дрвја.

Можете ли да го најдете?

Внимателно погледнете ја илустрацијата – Снешкото е минијатурен, но многумина успеаја да го најдат за само 11 секунди.

Ние ќе ви помогнеме – занемарете ја десната страна на криенката.

Ако сè уште не можете да најдете Снешкото, погледнете го решението подолу.