среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Пилотот го свртел авионот за 360 степени за патниците да можат да ја видат поларната светлина (ФОТО+ВИДЕО)

Пилотот го свртел авионот за 360 степени за патниците да можат да ја видат поларната светлина (ФОТО+ВИДЕО)

Патниците кои во вторникот вечерта се најдоа на лет од Рејкјавик до Манчестер добија неочекуван подарок. Имено, пилотот го свртел авионот за 360 степени за патниците да ја видат поларната светлина, а спектакуларните сцени што ги снимиле ги преплавиле социјалните мрежи.

По половина час лет, пилотот на Easyjet го свртел авионот за патниците од двете страни да уживаат во необичната глетка, а персоналот ги затемнил светлата во кабината за нивното искуство да биде целосно, пишува „Independent“.

Адам Гроувс, еден од патниците на летот, на својот профил на Твитер му се заблагодарил на пилотот за овој необичен потег и споделил неколку фотографии од авионот.

Адам се враќал од романтично патување каде ја запросил својата девојка, а исто како и многу патници на тој лет, поради облачното време, не можел да ја види поларната светлина на Исланд.

„Отидов таму да запросам девојка покрај поларната светлина, па беше големо изненадување што сепак успеавме да ја видиме во авионот“, рече тој и додаде дека пилотот го направил овој маневар за патниците од десната страна на авион, каде што исто така седеа, можеа да уживаат во сцената.

@frodothegolden I still cannot believe this happened 😭 #northernlight #aurora #auroraborealis @easyJet #easyjetcabincrew ♬ Until I Found You – Stephen Sanchez

Му се придружија и други пилоти

Пилотот на британската компанија не е единствениот кој го направи овој потег. Финскиот пилот на авиокомпанија го направи истото, свртувајќи го авионот за 360 степени за патниците да го видат овој природен феномен.