среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Уништиле автомобил на тркачка патека, па пријавиле кражба: Сега се во затвор (ВИДЕО)

Уништиле автомобил на тркачка патека, па пријавиле кражба: Сега се во затвор (ВИДЕО)

Таткото и синот се уапсени и соочени со сериозно обвинение.

Како што јавуваат локалните медиуми, таткото и синот се уапсени и обвинети за измама и би можеле да останат некое време во затвор. Се обиделе да ја измамат осигурителната компанија со пријава за кражба на автомобил кој самите го уништиле.

Имено, таткото кон крајот на јануари минатата година пријавил кражба на автомобилот, „Renault Megane Coupe“. Тврдел дека автомобилот е украден во градот Лангрео на северот на Шпанија, пишува „Europa Press“. Кратко потоа добил исплата од осигурителната компанија во износ од 12.000 евра.

Полицијата, откако осигурителната компанија пријавила низа нелогичности во пријавата, отворила истрага. Утврдиле дека спорниот автомобил настрадал кон крајот на 2021-ва година на патеката Јарама во Мадрид. Тврдат дека автомобилот по несреќата никогаш не се вратил во регионот Астурија, каде живеат таткото и синот.

Полицијата објавила видео кое ги прикажува автомобилот на излез од кривина во момент кога возачот ја губи контролата над возилото. „Renault“ излетува од патеката и се забива во заштитната ограда, а потоа доаѓа и до превртување. Возачот и совозачот од автомобилот излегуваат без видливи повреди, додека автомобилот е „зрел“ за фрлање.

Снимката од несреќата последните месеци се ширела на социјалните мрежи, што и ја олеснило на полицијата самата истрага во пронаоѓање на докази. Полицијата утврдила дека автомобилот по несреќата е продаден на делови.