сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Оваа ЧАНТА ВО ОБЛИК НА МЕЧЕ изгледа добро се додека не ја погледнеме нејзината ЦЕНА

Оваа ЧАНТА ВО ОБЛИК НА МЕЧЕ изгледа добро се додека не ја погледнеме нејзината ЦЕНА

Мечињата остануваат мотив кој ги инспирира дизајнерите на луксузните модни куќи – по чантата како плишано мече на Balenciaga која предизвика скандал и сериозно го наруши угледот на до неодамна најпопуларниот бренд во светот, Gucci сега играше на сигурно и претстави чанта во форма на детско мече без контроверзни карактеристики. Сепак, ова плишано мече привлекува големо внимание поради својата цена.

Минијатурната чанта е покриена со рачно нанесени кристали, а монограмот на Гучи го краси центарот. Со тенок златен ланец, златен нос и минимален простор за складирање на работите, нејзината цена е 48.770 илјади евра и ја има само во бутиците на Гучи.

Иако неверојатно високите цени на луксузните модни додатоци одамна не се новина во светот на високата мода, со некои парчиња – како оваа клач чанта и иако секој предмет има свој купувач – тешко е да се замисли кому навистина му треба ваков вид на инвестиција. Од друга страна, со оглед на тоа што е едно од последните парчиња дизајнирани од Алесандро Микеле за куќата, сигурно ќе се најде во рацете на љубителите на креативната визија на италијанскиот дизајнер. Повеќе како статусен симбол и украс во раката, а помалку како функционална чанта, ова кичесто плишано мече, претпоставуваме, ќе биде и додаток на изгледот на црвениот тепих на амбасадорите на Гучи.