четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Аурора австралис, прекрасна снимка од природен феномен кој остава без здив

ВИДЕО: Аурора австралис, прекрасна снимка од природен феномен кој остава без здив

Поларната светлина, предизвикана од експлозивни сончеви дамки и соларни бури, оваа година е многу повидлива во Австралија и Нов Зеланд отколку во претходните години, привлекувајќи ги ловците на овој природен феномен кои возат со часови низ ноќта за да ја снимат идеалната снимка на поларната светлина.

-Видовме навистина добра поларна светлина во последните неколку недели, рече астрономот и директор на музејот Отаго, Јан Грифин, пренесува Гардијан.

Џејмс О’Ди од Јужниот Остров во Нов Зеланд тврди дека ловот на поларната светлина е „авантура“ која станува „малку зависничка затоа што секогаш гледате каде ќе се појави следно“.

Тој и неговите пријатели користат апликации кои ги предупредуваат за можни датуми кога поларната светлина ќе биде видлива и бараат добри места за фотографирање каде што небото е ведро.

„Кога ја земате камерата и ги фотографирате боите на поларната светлина, чувствувате стравопочит“, тврди О’Ди.

Аурора австралис обично многу подобро се гледа од Јужниот Остров на Нов Зеланд, но неодамна светлата беа толку сјајни што беа видени од Окленд на Северниот остров.

Поларната светлина на северот на Земјата е позната како аурора бореалис, а кога ќе се појави на Јужниот пол, се нарекува аурора австралис.