четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

ЧУДО ВО ТУРЦИЈА – мачка извлечена 50 дена по земјотресот, ја затрупало единаесеткатница, но останала жива (ВИДЕО)

ЧУДО ВО ТУРЦИЈА – мачка извлечена 50 дена по земјотресот, ја затрупало единаесеткатница, но останала жива (ВИДЕО)

Неверојатна вест доаѓа од Турција, 50 дена по разорниот земјотрес, каде од под рушевините спасен е двегодишиот мачор Хан. Како што пренесуваат турските медиуми, сопственичката Нида Дина (36) и нејзината ќерка секојдневно доаѓале до урнатините на зградата и го барале својот двегодишен мачор низ соседните улици во квартот Оникисубат.

Нашата зграда е оштетена во првиот земјотрес и излегов со ќерка ми, но мачката не можевме да ја најдеме бидејќи некаде се сокрила. Ја баравме секој ден и ја најдовме сега кога започна отстранувањето на урнатините на нашата единаесеткатница, изјавила Дина.