четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Првите младенчиња гепард родени по 70 години во Индија

ВИДЕО: Првите младенчиња гепард родени по 70 години во Индија

Индија го поздрави раѓањето на четири младенчиња гепард, по 70 години откако животното беше прогласено за исчезнато во земјата.

Овој настан е многу значаен, рече индискиот министер за животна средина.

Во последните неколку децении имало обиди за обновување на овој вид, а во 2022 година осум гепарди беа префрлени од Намибија во Индија, а во февруари 2023 година 12 беа пренесени од Јужна Африка.

Една од женките родила четири младенчиња во засолништето за диви животни во Националниот парк Куно.

Објавувајќи ја веста на Твитер, министерот за животна средина Бупендер Јадав рече дека е „воодушевен“.

-Му честитам на целиот тим на Проектот Гепард за нивните големи напори да ги вратат овие диви мачки назад во Индија и за исправувањето на еколошката грешка направена во минатото, рече тој.

Младенчињата најверојатно се родени на 24 март, но работниците ги виделе дури пет дена подоцна, јавува индиската новинска агенција Прес Труст.

Мајката Сијаја и младенчињата се добри и здрави, изјави претставник на националниот парк.

Два дена пред да биде објавено раѓањето на младенчињата, еден од осумте гепарди во Намибија умре од откажување на бубрезите.

Азискиот гепард е доста загрозен и моментално живее само во Иран, каде што останале околу 50 од нив.

Гепардот е глобално наведен како „загрозен“ на Црвената листа на загрозени видови на Меѓународната унија за зачувување на природата.