среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Само најбрзите ќе го забележат лижавчето во „морето“ од сладоледи за помалку од 9 секунди

Само најбрзите ќе го забележат лижавчето во „морето“ од сладоледи за помалку од 9 секунди

Колку време ви требаше да го најдете?

Унгарскиот уметник Џерџели Дудаш е познат по создавањето на бројни криенки кои стануваат вирални за краток временски период.

Овој уметник од Унгарија повеќе пати докажа колку е вешт во криењето на предмети и животни во илустрациите, а овој факт решил уште еднаш да го потврди.

Тој постави нова задача објавувајќи илустрација со стотици сладоледи, а меѓу нив треба да најдете и едно скриено лижавче.

Кога ќе се впуштите во решавање на оваа задача, немојте да мислите дека задачата е лесна, бидејќи брзо ќе се уверите во спротивното.

Имајќи предвид дека лижавчето е обоено во многу слични нијанси со сладоледите, речиси е невозможно да се најде.

Моменталниот рекорд е 9 секунди, а вие обидете се да го соборите.

Ако ви треба помош, фокусирајте се на десниот дел од илустрацијата.

Ако сè уште не сте го забележале лижавчето, погледнете го решението подолу.