понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Белгиец ја направи најдолгата флејта на светот

Белгиец ја направи најдолгата флејта на светот

Белгискиот уметник Вин Клемaн ја направи најдолгата флејта на светот. Таа има осум метри, а според порталот „Фокус Белгија“, со овој музички инструмент композиторот Роб Симонсен го создал необичниот звук, т.е. музиката за филмот „Кит“ („The Whale“, којшто освои два „Оскари“ годинава).

Клеман од детството бил фасциниран од звукот и музиката, поради што и самиот почнал да прави инструменти од дрво.

Така, учејќи да слушне каков звук или вибрации може дрвото да испушти, Клеман денес е светски познат мајстор за изработка на инструменти.