вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Новиот ТикТок предизвик „#WaterTok“ предизвика загриженост кај експертите поради можни здравствени последици… (ВИДЕО)

Новиот ТикТок предизвик „#WaterTok“ предизвика загриженост кај експертите поради можни здравствени последици… (ВИДЕО)

Еден од последните трендови во низата кои доаѓаат од ТикТок го носи името #WaterTok, а се однесува на додавање прашоци и сирупи со сладок вкус во вода за да има подобар вкус.

Меѓутоа, од стоматолози до нутриционисти многу здравствени експерти предупредуваат на неговата штетност.

Стоматолозите предупредуваат на неговата опасност, а трендот добил над 100 милиони прегледи на ТикТок, велејќи дека шеќерите во производите кои се користат можат да влијаат на вашите заби – да ја еродираат забната глеѓ и да предизвикаат кариес.

@grandpasyummytoes POV: You’re on WaterTok #watertok #water #drinktok #drinkwater #watertokdrama #h2o ♬ original sound – grandpa yummytoes

Исто така предизвикал и реакции кај другите здравствени експерти, а нутриционистите тврдат дека засладувачите присутни во алтернативите „без шеќер“ можат да бидат лоши и за вашите црева.

Без оглед на тоа, инфлуенсерите споделуваат видеа во кои препорачуваат сопствени рецепти кои вклучуваат мешавина од прав и сируп. Овие концентрирани производи се ставаат во обична вода и ја претвораат во сладок напиток со впечатлива боја.

Додека аромите можат да дадат вкус во водата, британскиот стоматолог Алан Кларк предупредил на потенцијално влијание на здравјето на забите.

„Шеќерот во комбинација со бактериите во устата создава киселина која ги напаѓа забите, а тоа може да доведе до различни проблеми со нив – од кариес до промена на бојата“, навел тој.

@_pocketfullofsunshine Just found my new obsession #teacher #teachersoftiktok #teachertok #teachertoker #teachervlogger #teachervlog #teacherlife #watertok #watertiktok #drinktok #fyp #fypシ ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show

Аспартам – вештачки засладувач којшто вообичаено се наоѓа во ќесичките со ознака без шеќер исто така е поврзан со бихевиористички и когнитивни проблеми, според студијата на научниците од Малезија во 2017 година.

Исто така овие засладувачи им штетат на микробите во цревата што може да резултира со дуење, непријатни ситуации, дебелеење и зголемен ризик од хронични болести и депресија.