Доколку сте фан на „Volkswagen“ кратенката „GTD“ ќе ве одведе во сосема друга насока. Тука буквално станува збор за тркачки автомобил од класата „IMSA GTD“, а кој одговара на „FIA GT3“ спецификациите. А овој „Mustang“ е навистина тркачки автомобили, кој според случајноста смее да вози и по улиците.
Опремен со адаптивна тркачка шасија и елементи на активна аеродинамика, овој автомобил е придвижуван од мотор кој сега испорачува повеќе од 800 коњски сили. Спротивно од најавите, моторот 5,2 V8 не е поставен централно, туку е оставен пред возачот. Најмоќниот „Mustang“ во историјата добива и титаниумски издуван систем, а црвената зона е на само 7.500 вртежи во минута.
Распоредот на масата е идеален, 50:50, со менувачот поставен од позади. Станува збор за осумстепенски менувач со две спојки. Треба да се спомене и големото користење на карбон, со цел оптимизација на масата на возилото. Целта е јасна, а тоа е да се совлада круг на Нирбургринг со време далеку под седум минути.
За овој автомобил од „Ford“ ќе бараат околу 300.000 долари, а првите испораки се очекуваат кон крајот на следната година.