вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Се појави снимка од девојчето кое беше убиено од очувот: Пеела дека тој е херој, а брутално настрада од неговата рака (ВИДЕО)

Се појави снимка од девојчето кое беше убиено од очувот: Пеела дека тој е херој, а брутално настрада од неговата рака (ВИДЕО)

Девојчето кое беше убиено од очувот пред два месеци е снимена како токму него го нарекува „херој“. Вознемиурвачка снимка се појави на интернет после откривањето дека 33 годишниот Кристофер Вот ја убил својата 43 годишна сопруга и нејзините ќерки, кои имаа само 3 и 4 години, па ги фрлил нивните тела како би ја прикрил смрдеата.

На видеото се гледа девојчето Бела како седи на задното седиште од автомобилот и пее песна со која што го фали својот очув.

-Мојот татко е херој, тој ми помага да пораснам. Тој ми чита книги, ми ги чисти кондурите, тој е херој. Тато, те сакам, пее малата Бела.

Снимката се појави во моментите кога некои пријатели тврдат дека парот се соочил со финансиски проблеми во текот на врската. Некои пак тврдат дека Вот ја изневерувал својата сопруга, додека трети инсистираат на тоа дека нивната врска делувала силно.