Во болница во американската сојузна држава Аризона во ист период бремени останале 16 медицински сестри, јавува „Би-Би-Си“.
Тоа е 10 проценти од медицинскиот персонал на одделението за интензивна нега во градот меса.
Дури и пациентите почнале да забележуваат дека има се повеќе трудници на одделението.
Медицинските сестри на прес конференција се пошегувале дека „нешто има во водата“ и дека „тоа е заеднички план за одмор за божиќните празници“.
Првата медицинска сестра ќе породи во септември, а последната во јануари.
Една од трудниците, Рошел Шерман, која ќе се породи следниот месец, изјавила дека не знаеле дека има толку трудници додека не направиле група на Фејсбук.