среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Kамери снимија како гром удри во дете – момчето преживеа

ВИДЕО: Kамери снимија како гром удри во дете – момчето преживеа

Тринаесетгодишното момче Џосаја Вајдмен се шетало со пријател по паркот во Ел Мираж, во Аризона, кога во него удрил гром.

На снимката од надзорната камера јасно се гледа дека тинејџерот прво го осветлило светло, потоа го фрлило во воздух, а тој паднал на глава и останал да лежи.

Момчето се опорави и за медиумите раскажа што му се случило. Рекол дека само се сеќава на „ситен налет на горештина“.

Џосаја во моментот на удар на гром носел скејтборд во раката, и се верува дека токму тоа му го спасило животот, затоа што металниот оквир на скејтот го „спуштил“ громот до земјата, но громот не погодил директно во него. Од падот на земја, добил потрес на мозокот, а имал и помала изгореница на ногата.