недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Бидете внимателни, момците муваат по правилото „3 секунди“

Бидете внимателни, момците муваат по правилото „3 секунди“

Правилото три секунди, кое од секогаш важело за јадење храна која паднала на земја, сега е најнов тренд во забавувањето и се користи да опиште спонтано бакнување.

Овој метод на додворување подразбира бакнување без контрола три секунди. Ги охрабрува момците да бидат импулсивни, без да прашаат или да размислуваат дали девојката ќе прифати бакнеж. Наводно овој тест може да покаже колку е заинтересиран другиот за вас. Некои тврдат дека на девојките ова многу им се допаѓа, но не е мал бројот на оние кои сметаат дека правилото не е најдобра идеја за мување.

На оние кои ќе се осмелат да се додворуваат на ваков начин, им се препорачува да го почитуваат времетраењето на бакнежот ако таа не прифати.

Сепак, треба да се внимава, зашто девојката може да смета дека ова е навреда за неа, затоа што не ви е важна нејзината волја, дали таа сака да се бакнува или не.