Аргентинскиот репрезентативец и фудбалер на Рома, Паоло Дибала, ја запроси својата долгогодишна девојка Ориана Сабатини, што привлече големо внимание кај италијанската јавност.
Дибала тоа го направи на многу романтичен начин пред „Фонтана ди Треви“ во Рим, откако претходно ја убеди својата девојка да фрли паричка во фонтаната и да си замисли желба.
Додека таа го правеше тоа, Дибала клекна на едно колено и ја праша дали ќе се омажи за него.
View this post on Instagram
Таа за момент остана без зборови и не можеше да поверува, но рече „си“, а потоа на социјалните мрежи објавија фотографија од свршеничкиот прстен со натпис: „Засекогаш“.
На запросувањето беа присутни и другарите на Дибала, Алваро Мората и Леандро Паредес. Првиот игра за Атлетико и допатува во Рим специјално за настанот, додека вториот е соиграч на Дибала од Рома и од репрезентацијата на Аргентина.
View this post on Instagram
Инаку, двајцата се заедно 5 години, а се запознаа на концерт на Ариана Гранде. Ориана е ѕвезда во Аргентина. Таа е исто толку позната, па дури и попозната од нејзиното момче. Всушност, таа не е само партнеркла на Пауло Дибала, туку етаблирана пејачка и манекенка.
View this post on Instagram
Има 27 години и е ќерка на исто така многу познати родители. Татко ѝ е Освалдо Сабатини, поранешен аргентински актер и бизнисмен од италијанско потекло и брат на поранешната аргентинска тенисерка Габриела Сабатини. Мајка ѝ е актерката Катерине Фулоп, поранешна Мис Венецуела. Фулоп ја глумеше Соња Реј во мегапопуларната тинејџерска серија „Rebelde Way“.
View this post on Instagram