Најблиската фамилија и дел од пријателите на Метју Пери се собраа во петокот на погребот на актерот, кој се одржа во Меморијалниот парк Форест Лон во Лос Анџелес во близина на студиото „Ворнер Брос“, изјави извор за People, додавајќи дека актерската екипа на „Пријатели“ исто така присуствувала на церемонијата.
Изворот наведува и дека погребот започнал во 15 часот, а завршил во 17 часот. Гробиштата се спроти студиото на Ворнер Брос, каде што десет сезони се снимаше „Пријатели“ и се вечно почивалиште на многу други познати ѕвезди.
Церемонијата заврши со изведба на песната „Не се откажувај“ од Питер Габриел.
Текстот на песната со која беше погребан легендарниот Чендлер е многу симболичен и во овие моменти навистина го крши срцето.