недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Трет „Музички блок“ во МКЦ

Трет „Музички блок“ во МКЦ

Во Младинскиот културен центар вечер ќе се оддржи третиот т.н. „Музички блок“ од Европа.

-Идејата е промоција на млади, нови и надоаѓачки бендови чија цел е да понудат свежа музичка програма која ги носи најновите модерни музички трендови за млади. Целосната програма на „Музички блок“ ротира околу понудата на артисти кои се совпааѓаат со целите на мрежата „Лајвјуроп“, првата паневропска иницијатива која ги поддржува напорите на концертните сали ширум Европа во промоцијата на нови надоаѓачки музички артисти, соопшти МКЦ.

Ќе настапат пет бендови: словенечко – македонската поп и пост-панк разгледница „LELEE“, холандската рокенрол атракција „Cloudsurfers“, домашниот алтернативен рок состав „Харакири“, долгоочекуваниот настап на кантавторот, мултиинструменталистот и добриот дух на загрепската сцена „Antun Idem“ и нојз рок составот од Србија – „Proto tip“.

Билети може да се набават на билетарницата на МКЦ или онлајн на www.bileti.mkc.mk.