недела, 28. април 2024. Вести денес: 0
home Култура

Со концерт на Полифонија почнуваат „Есенски музички свечености“

Со концерт на Полифонија почнуваат „Есенски музички свечености“

Со концерт на Полифонија насловен „20 години Полифонија“, што ќе се одржи вечер во Националната опера и балет, ќе започне годинашното издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

Како што најавија од Дирекцијата за култура и уметност, диригент на концертот ќе биде Иван Еминовиќ, а гости солисти ќе бидат Горан Начевски, Александра Коцевска и Raffaele D’angelo од Потенца, Италија.

Солисти од Полифонија се Сања Шуплевска, Јанинка Невчева, Орце Ицковски, Михајло Михајловски и Денис Димовски. (МИА)