Во галерија „КО-РА“ во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечер ќе биде отворена самостојна изложба на слики „Колажи“ на авторката Сузана Арсова.
Проектот е поддржан од Град Скопје и Домот на култура „Кочо Рацин “- Скопје во рамките на годишната програма од областа на визуелните уметности, дизајн и архитектура.
Сузана Арсова подолг период е ангажирана во истражувањата на колажот и креативните изразни можности во рециклирањето и колажирањето на најразнородни материјали. Родена e во 1959 година во Скопје. Дипломирала на Природно-математички факултет.
Учесничка е на повеќе групни и тематски изложби. Добитничка е на наградата од КИЦ за сликарство колаж на 43 -та изложба на ликовни уметници од државата, во Скопје во 2004 година.