четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Изложба на Перо Кованцалиев во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“

Изложба на Перо Кованцалиев во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ денеска ќе биде отворена изложбата „Послушност“ од уметникот Перо Кованцалиев.

Изложбата е составена од дваесет скулптури кои претставуваат акумулација на човечки уши изведени во повеќе материјали, бронза, алуминиум и полиестер. Акумулациите се изградени во неправилни низи и вообразуваат формации на неправилни форми.

Проектот покренува општествени прашања и дијалози за моќта на авторитарноста и слепата послушност. Уметникот во општествениот систем, неговата активност и функција како и индивидуалноста на поединецот во организираната подреденост.

Изложба е поддржана од Министерството за култура.

Перо Ковaнцалиев од Скопје е мултидисциплинарен ликовен уметник чие творештво е потикнато од идеата да се влијае на големите наративи со ликовни интервенции и дела кои инспирираат и потикнуваат промени за одржлив развој.