недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЕДНИОТ ПОРАНЕШЕН И СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЈА УБИЕ, ПА СЕ СЛИКАШЕ СО ДРУГИОТ – Александра Младеновиќ не престанува да го провоцира опасниот Босанец (ФОТО)

ЕДНИОТ ПОРАНЕШЕН И СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЈА УБИЕ, ПА СЕ СЛИКАШЕ СО ДРУГИОТ – Александра Младеновиќ не престанува да го провоцира опасниот Босанец (ФОТО)

Српската пејачка Александра Младеновиќ доживеа вистинска драма изминатава недела кога нејзиното поранешно момче и се закани дека ќе ја убие и ќе се самоубие по нивното раскинување.

Медиумите објавија дека тој потоа дошол, викал и кршел во нејзиниот стан, а претходно и ги земал и парите и се коцкал со нив. А откако таа го пријавила во полиција, полицајците го чуваа нејзиниот стан и тој бил екстрадиран во Босна и Херцеговина и му е забранет влез во Србија.

Сепак, пејачката немала лоши односи со сите поранешни момчиња во минатото, со некои останала дури и во пријателски односи, а следната фотографија е доказ за тоа.

Младеновиќ била во друштво на Урош Живковиќ кој воедно и е колега на пејачката, но и поранешно момче.

Таа во емисијата „Амиџи шоу“ откри дека би се смирила со Урош кој важи за пејач кој го посакуваат сите колешки на естрадата.

Најнови вести