Српскиот кошаркар Никола Јокиќ во првиот меч од НБА-купот заедно со Денвер нагетс славеше против Далас маверикс со 125-114.
Јокиќ го делеше само една асистенција да стигне до третото место на вечната листа на кошаркари по број на трипл-дабл во кариерата.
Србинот против Далас постигна 33 поени, 14 скокови и девет асистенции, па така остана на 107. трипл-дабл, колку што имаат Леброн Џејмс и Џејсон Кид.
Кај поразениот тим најдобар беше Лука Дончиќ со 34 поени, 10 скокови и осум асистенции.