недела, 24. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје ќе биде две недели без Војдан Стојановски

МЗТ Скопје ќе биде две недели без Војдан Стојановски

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје објави на социјалните мрежи дека еден од нивните најдобри кошаркари, Војдан Стојановски, ќе паузира две недели поради повредата со која се здоби на натпреварот против Еуро Никел.

Стојановски доби исеченица на пресметката против Еуро Никел (71-61), па затоа извесен период ќе тренира со намалено темпо и без контакт додека не му ги извадат конците и не му зарасне повредата.

МЗТ Скопје информира дека Стојановски нема да биде во тимот за дуелот против Охрид, кој е закажан за задутре од 17 часот, но ќе биде подготвен за вториот турнир во АБА2-лигата, закажан во Златибор од 13 до 19 ноември.