петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром го освои „Кале“ и го совлада Работнички

МЗТ Скопје Аеродром го освои „Кале“ и го совлада Работнички

Првото големо „вечно дерби“ во новата сезона се играше во „Кале“, каде според праксата во последно време, натпреварот во еден момент беше и во прекин поради факелите и пиротехниката на трибините.

Во веќе препознатливи елементи за најголемото македонско дерби, МЗТ Скопје сепак беше тој кој покажа поголем квалитет и демонстрираше сила на паркетот, каде успеа да го контролира резултатот во текот на целиот меч и на крајот заслужено стигна до победа.

Работнички навистина парираше во првото полувреме и беше резултатски во игра се до третата четвртина, кога МЗТ покажа шампионски квалитет и направи двоцифрена предност со резултат 27:41.

„Центарци“ од овој момент постојано играа под притисок и бркаат резултат, а тоа беше дополнителен проблем против тимот кој е повоигран и поискусен во овој момент.

МЗТ лесно ја одржуваше двоцифрената предност до крајот на натпреварот и на крајот славеше со плус 14, а најзаслужни за победата беа Дамјан Стојановски со 17 и Танасковиќ со 16 поени. Декоски во Работнички имаше исто колку најдобриот поентер на МЗТ, а добар беше и Трис со 11 поени.