недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Работнички со привремено решение за Мираковски

Работнички со привремено решение за Мираковски

Скопски Работнички во овој момент го игра мечот против Вардар во рамките на петото коло во Првата лига. По двата порази во низа, последниот од вечниот ривал, во таборот на „црвено-црните“ дојде до промени на клупата.

Димитар Мираковски и раководството на клубот се разделија, а новото име ќе биде допрва познато. Во игра се повеќе македонски тренери, но останува да видиме на кого ќе падне одлуката.

Додека биде промовиран наследникот на Мираковски, главната улога на клупата на Работнички му припадна на младиот стратег Андреј Апостолски Лечиќ.