вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Милано подготвува отказ за трофејниот стратег?

Милано подготвува отказ за трофејниот стратег?

Олимпија Милано се наоѓа во голема резултатска криза и сѐ уште не може да го пронајде „рецептот“ за успех, иако летово беа доведени неколку исклучително големи и ѕвездени имиња.

Тимот забележа четири порази во последните пет натпревари, а тоа е доволна причина за вклучување на „алармот“ кај управата. Челните луѓе наводно веќе размислуваат за промена на тренерот, а тоа значи дека Еторе Месина би можел многу наскоро да ја заврши својата авантура во италијанскиот евролигаш.

Во моментов Олимпија има скор од 1-4 во Евролигата, а се чини дека последната капка на незадоволство дојде откако тимот загуби на домашен терен од Макаби со 98-90. Месина беше многу незадоволен и изјави дека одбраната на овој натпревар била трагикомична.

„Примивме скоро 100 поени на натпревар во кој имавме 25 асистенции и шут за три поени од 40%. Силната одбрана е нашиот идентитет, но на овој меч комплетно го загубивме компасот. Макаби нѐ наттрча и нѐ натскока, поентираше од „пик енд рол“, а нашата одбрана беше срамна“, изјави Месина по мечот со израелската гордост.