вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Серџо Скариоло во преговори со Милвоки

Серџо Скариоло во преговори со Милвоки

Поранешниот тренер на Виртус Болоња и селектор на кошаркарската репрезентација на Шпанија, Серхио Скариоло, би можел да го замени Тери Сотс како главен помошник тренер на Адријан Грифин на клупата на Милвоки Бакс.

Скариоло добил предлог-понуда од Милвоки Бакс да се врати во НБА и да му помага како прв помошник на Адријан Грифин во тековната сезона.

Скариоло, кој работеше со Грифин во неговиот ангажман во Торонто Репторс, ќе го замени Тери Сотс кој поднесе оставка работа пред неколку недели. Откако се раздели со Виртус Болоња, Скариоло доби понуда да го преземе и Асвел Вилербан.