Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ќе мора да плати 16.000 денари како казна за транспарентот што навивачите на аеродромци го извадија на трибините за време на мечот со Гостивар, како навреда кон првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ.
„Во 1/4 четвртина бил истакнат транспарент од навивачката група на КК МЗТ Скопје А. во кој било напишано (гробарот на македонската кошарка и докажан циган, кариерата ја продолжува како турбо фолк хулиган), натпреварот бил прекинат и одкако се отстранил транспарентот натпреварот бил продолжен“, наведено е во делегатскиот записник од натпреварот.