петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Ол –стар натпреварот повторно во форматот Исток – Запад

НБА: Ол –стар натпреварот повторно во форматот Исток – Запад

НБА Ол – стар  натпреварот, кој на 18 февруари ќе се одигра во Индијанаполис, ќе се одржи по стариот формат во каде ќе се сретнат екипите од Истокот и Западот, објави најсилната кошаркарска лига во светот.

Ол-стар натпреварот во форматот Исток – Запад последен пат се одигра во 2017 година.

Изминатите години екипите кои учествуваа на Ол-стар викендот носеа имиња на своите капитени, кои ги составуваа тимовите наизменично избирајќи соиграчи од листата одредена според гласовите на навивачите, независно од која конференција доаѓаат.

Ова ќе биде 73. издание, а натпреварот ќе биде одигран во салата Геинбриџ Филдхаус, во кој своите домашни натпревари ги игра Индијана.

Градот Индијанаполис последен пат беше домаќин на Ол – стар натпревар во 1985 година.