петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Два нови тима наскоро доаѓаат во НБА

Два нови тима наскоро доаѓаат во НБА

НБА лигата наскоро треба да се прошири од 30 на 32 екипи, пишува „Front Office Sports“, американски портал кој се занимава со деловната страна на спортот.

НБА ќе започне со проширување откако ќе се договори за нов договор за правата на медиумите. Актуелниот договор истекува на крајот од следната сезона, па НБА сериозно работи на преговори за нов.

А градовите кои се фаворити за добивање НБА клуб се Лас Вегас и Сиетл, додава истиот извор. Сиетл веќе имаше НБА тим од 1967 до 2008 година, кога таму играа Суперсоникс, а нивниот сегашен наследник е Оклахома Сити Тандер. Лас Вегас никогаш немаше НБА тим.

Додавањето на две екипи од градовите од западниот дел на Соединетите Американски Држави би довело и до трансфер на еден од актуелните клубови од Западната конференција во Источната конференција. Тоа би биле Минесота Тимбервулфс, Мемфис Гризлис или Њу Орлеанс Пеликанс.