петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Денвер со победа над Оклахома Сити

НБА: Денвер со победа над Оклахома Сити

Актуелните прваци во НБА лигата, кошаркарите на Денвер Нагетс во првиот натпревар од неделната програма протатнеа со убедливи 128:96 на гостувањето кај Оклахома Сити Тандер.

Гостите во првото полувреме постигнаа 69 поени и имаа предност од плус 18 поени (69:51), која до крајот на натпреварот систематично ја зголемуваа и во последната четвртина влегоа со повеќе од плус 30 коша.

Никола Јокиќ на паркетот мина 30 минути и за тоа време оствари 28 поени со 14 скокови и пет асистенции. Мајкл Портер помладиот постигна 20 поени со девет скокови, а Џамал Мареј врза 19 коша со осум асистенции.

Во домашната екипа се истакна Чет Холмгрен со 19 поени. Џејлен Вилијамс уфрли 13, а Три Мен 12 коша. Затаи најдобриот играч на Тендер, Шеј Гилџеус-Александер кој постигна само седум поени шутирајќи од игра мизерни 2 од 16 обиди.

Ова е третата победа на Нагетс во исто толкуте натпревари во новата сезона, а Тандер го доживеаја провтиот пораз по двете воведни победи.