среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за октомври

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за октомври

Почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за октомври, информираше денеска Министерството за труд и социјална политика.

Од МТСП посочуваат дека корисниците на парични права кои имаат дебитна картичка ќе можат од денеска да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

-Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред:

03.11.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ;
06.11.2023– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;, се наведува во соопштението од МТСП.

Најнови вести