недела, 7. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

РЕАКЦИЈА на сопштението на СУТКОЗ, во врска со невистинското произнесување на случувањата во ЈП Водовод и канализација

РЕАКЦИЈА на сопштението на СУТКОЗ, во врска со невистинското произнесување на случувањата во ЈП Водовод и канализација

РЕАКЦИЈА на сопштението на СУТКОЗ, во врска со невистинското произнесување на случувањата во ЈП Водовод и канализација, каде биле спречувани членовите на УО од страна на вработените-обезбедувањето за извршување на својата службена должност.

Почитуван претседател на СУТКОЗ господин Стојан Кашиковски и до пред неколку месеци бевте раководител на обезбедување и на ПП заштита при ЈП “Водовод и канализација”.

Ве ПОТСЕТУВАМ и го поткрепувам со докази и факти дека апсолутно вашето соопштение е неиздржливо и законски неосновано,бидејќи од истата гарнитура од Градот Скопје -наредбодавател беше Даниела Арсовска,а извршител ВД Маријанчо Митовски. Многу вработени во 10-11 месец во 2022 година беа казнети,дисциплински гонети,а на ВАС -Стојанче Кашиковски ви е дадена ОДЛУКА за ОТКАЗ(прекин на работен однос).

Што значи дека ОРГАНОТ кој ги поништува одлуките и наредбите на менаџерскиот тим е НАЈВИСОКИОТ ОРГАН-УПРАВНИОТ ОДБОР.

Врз основа на оваа за твое ПОТСЕТУВАЊЕ , мислам дека ЗАБОРАВИ , БЛАГОДАРЕНИЕ токму на овој состав на УПРАВЕН ОРГАН ,продолжи да биде вработен во ЈП Водовод и канализација.

Од тука произлегува Правната силадека наредбите на менаџментот кои ги дава на обезбедувањето се неосновани,бидејќи Управниот Одбор е Највисокиот орган на управување.

Во прилог ви ги доставувам сите ваши барања како доказ на сето горенаведено:

   

Реакција од претседателот на УО Идриз Орана и членовите на надзорниот УО